Проект

Обединувањето е патување, а не дестинација

Првиот Unity Express тргнува од станицата во јули 2012 година, одбележувајќи го стартот на годишна серија на настани.  Проектот енергично се градеше и напредуваше во последните две години, и кога конечно Unity Express ќе го оствари својот планиран почеток, истовремено ќе собере енергија неопходна за остварување на проектот во иднина. Патувањето започнува во лето 2012 година.

Во 2012 година ние ќе поминеме четири седмици на пруги, тргнувајки од Мастрихт, Холандија во почетокот на јули. Ќе се упатиме најпрво на север, кружејќи низ Скандинавија, за најпосле да се спуштиме доле на Балканот. На исток, најдалечната дестинација ќе биде Истанбул, после која ќе следат земјите на брегот од јужна Европа се до Франција, за најпосле да го завршиме нашето патување преку Алпите се до Марибор, Словенија. Во текот на целото патување, возот ќе помине низ 24 земји и ќе застане во 14 градови.

Unity Express има многу дестинации, но само една цел: Обединување на Европа. Обединувањето не признава граници, ниту пак Unity Express.

 

Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 3.0 Unported License.
Special thanks to Caro Grafisch Ontwerp, Wouter Buning, Seema and Trinoco Web & Media for helping setting up this website! Without them it couldn't have been this good!