Активности

Во текот на патувањето ќе бидеме многу активни со целосна програма на активности кои ќе ги извршуваме во возот и во градовите. Покрај вагоните за спиење, возот ќе има вкупно 6 вагони за активности, овозможувајќи ни простор за работа и игра. Во градовите, ќе користиме јавни места и други локации каде ќе можеме да се одмориме и да стапиме во контакт со членовите на локалната заедница.

Програмата поврзува учесници од граѓанското општество, приватниот и јавниот сектор (локални, регионални, национални и Европски јавни власти) како и избрани претставници од медиумите кои ќе ја пренесуваат нашата работа.

Ние направивме кратка содржина на програмата, која ќе ја пополниме заедно со вас. Програмата, како што ние ја гледаме, е поделена во четири делови кои ќе се одвиваат истовремено:

  • Програма за активно креирање: развој на различни проекти и методи за специфични теми, кои ќе бидат остварувани во текот на патувањето;
  • Програма за создавање заедници: истражување на културите на патниците и на луѓето кои ги среќаваме низ патувањето и создавање врски помеѓу нив;
  • Друштвена програма: да имаме одлична атмосфера и опуштање;
  • Документарна програма: да го документираме и пренесуваме Unity Express, неговиот процес и резултатите.

Секој дел од програмата ќе биде реализиран преку неколку активности. Активностите ќе се случуваат во возот или во градот во една или повеќе фази (наутро, на пладне или навечер).

Активно креирање

Резултат: Остварливи проекти и методи на специфични теми ќе бидат реализирани во текот на патувањето. Ќе постои цврста поврзаност помеѓу приватниот сектор и граѓанското општество.

Како ќе го постигнеме тоа: Преку примена на различни групни активности како групи за диксусија, работилници и art-of-hosting методи, ние ќе ги истражиме одбраните теми, можните предлог активности  и методите за нивно испитување, ќе правиме тестови и ќе ги документираме резултатите со цел тие да бидат користени насекаде. Овој процес ќе биде забрзан преку веќе постоечките методи во Unity Express и во соработка со приватниот сектор и граѓанското општество.

Кој е одговорен: Овој дел од програмата е развиен и остварлив преку три групи: ние, главните спонзори и различните методски групи. Методската  група претставува група од 5 луѓе кои користат една посебна метода за истражување на тема во нашето општество. Нивниот метод може да биде било каков проект (работилница, водичи, истражување, игра и сл.) кое овозможува практичен пристап кон темите избрани за овој дел од програмата.  Темите се дефинирани од наша страна заедно со главните спонзори на Unity Express и се однесуваат на секојдневниот живот на Европејците.

Создавање на заедница

Резултат: Подобро разбирање на самите себе си како Европејци, на нашите разлики и сличности и нивната вредност. Поцрврста заедница преку развивање на односите меѓу учесниците.  Заедничка визија за нашето Европско општество.

Како ќе го постигнеме тоа: Преку различни дијалози, разговори и презентации, меѓукултурни уметнички проекти, игри, музика, театар, готвење и други интерактивни групни активности кои ќе им овозможат на учесниците да ја истражат, разберат и раскажат својата приказна меѓу себе, погледот кон светот, обичаите, традициите, вредностите, потребите, грижите, страстите, надежите, верувањата и целите.

Кој е одговорен: Овој дел од програмата зависи од учесниците, во соработка со нас. Сите активности се предложени од вас и избрани од заедницата преку нашата заедничка online платформа. Се додека вашата активност ги зацврстува односите меѓу нас, може да биде изведена во градовите и во возот и дава резултат кој може да се сподели, единствено вашата имагинација и креативност се границите. Може да формирате група од 3 луѓе за да ја изведете вашата активност.

Друштвена програма

Резултат: Одлична забава!

Како ќе го постигнеме тоа: Овој дел од програмата е исполнет со вкусни јадења, алтернативни тури низ градовите, забавни игри, уметнички изведби, лежерни работилници, концерти, забави и се друго што може да се замисли како дел од фестивалот на културите кој ги слави добрите времиња во нашата заедница.

Кој е одговорен: Друштвената програма исто така зависи од учесниците, во соработка со нас. Сите активности се предложуваат од вас и се избираат од заедницата преку нашата заедничка online платформа. Се додека вашата активност го поддржува духот на фестивал на култури и може да биде изведена во возот, вашата имагинација и кретивност се границите. Вие можете да формирате група од 3 луѓе кои ќе ја изведат вашата активост. Друштвената програма надвор од возот е организирана од нашите соработници во градовите, локалните спонзори и локалните групи.

Документирање и пренесување

Резултат: Целосна транспарентност на Unity Express и максимално презентирање на резултатите на јавноста со цел понатамошна употреба и развој. Препознатливоста на Unity Express вон патувањето.

Како ќе го постигнеме тоа: Документирањето и пренесувањето на сите Unity Express активности  и нивниот резултат во форма која е најсоодветна. На пример: весници и блогови, кратки филмови, колекција и дигитални прикази на уметнички дела, белешки, записници, цртежи, планови итн. направени за време на активностите, книга или документарец за патувањето, приказни за радио програми или серијали кои ги следат учесниците во текот на 4 недели.

Кој е одговорен:  Повторно, оваа програма зависи од учесниците, но делумно. Вие можете да предложите проект кој ќе го документира Unity Express на креативни и иновативни начини. Повторно, заедницата ќе направи избор преку нашата заедничка online платформа. Но, овој дел од програмата, ќе биде поддржан од медиумските партнери кои ќе ги спроведуваат своите професионални проекти.

Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 3.0 Unported License.
Special thanks to Caro Grafisch Ontwerp, Wouter Buning, Seema and Trinoco Web & Media for helping setting up this website! Without them it couldn't have been this good!