Воз

Се започнува со возот. Или како што ние сакаме да го наречеме: Нашиот патувачки фестивал на култури

Благодарение на  “Treinreiswinkel”, Холандска компанија за чартер возови, нема потреба да се грижиме за распоред и персонал. За се е погрижено. Ајде да ги погледнеме бројките! Возот е направен за 420 луѓе,  кои ќе живеат во 14 вагони влечени од 1 локомотива која се менува на секоја граница. Дополнително ќе има еден резервен вагон во случај некој да се расипе. Ова ја прави целата должина на возот повеќе од 400 метри! Се вкупно се 420 кревети од кои 360 се за патници. 12 ќе бидат за организаторите на проектот, а останатите кревети се за задолжителен персонал, луѓе со посебен интерес за настанот, луѓе од медиумите и сл. (без кои не можеме да живееме…).

Возот има 6 вагони со повеќенаменска цел каде што ќе се одвиваат работилници. Освен тоа, исто така сe погодни и за дремка и Судоку вечери. Има 1 голема кујна вагон за подготвување храна, 1 бар вагон, 1 вагон за танцување, пред се за активности надвор од официјалната програма како што се забавите и релаксирањето. На кратко, има доволно простор и за играње добра партија голф.

Чувајте доволно простор за мемории

Љубопитни сте за капацитетите? Јас помислив дека веќе имате доволно бројки. Еве ги останатите!

Постојат 60 кабини за спиење со 6 кревети во секоја кабина. Секој вагон за спиење има најмалку 2 тоалети и уште неколку во некои од другите вагони. Исто така, има 3 мијалници во секој вагон за спиење, вкупно 40 електрични приклучоци  и… без тушеви. Бидете уверени дека нема да ги имате вашите дневни церемонии на пеење во када додека се туширате. Ова не значи дека треба да мирисате на валкани чорапи. Ние ќе се погрижиме да имате можност да се туширате секој ден во јавни бањи, хостели или на станиците. Кога сме кај чорапите, истото важи и за вашата облека. Како и да е, бројот на креативни решенија е голем, но и бројот на хостели, хотели и перални е доволен за да ни помогне. Во врска со вашиот багаж, би било одлично доколку можете да ја земете со вас вашата даска за сурфање, вашиот падобран или гумен чамец, но за жал капацитетите за складирање дозволуваат не повеќе од една торба по човек. Наш совет: Земете помалку работи и истовремено најнеопходни!

 

Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 3.0 Unported License.
Special thanks to Caro Grafisch Ontwerp, Wouter Buning, Seema and Trinoco Web & Media for helping setting up this website! Without them it couldn't have been this good!