Билети

Заедно ќе патуваме далеку

Со специјално патување доаѓа и специјален начин да се качите во возот! Unity Express е отворен проект кој зависи од поддршката од волонтери како вас, и задржувајќи го тој дух, ние избравме модел  “поддршка од масите” за распределба на билети. Ние сакаме на сите да им дадеме шанса да патуваат со Unity Express.  Тука не важи правилото “прв дојден, прв услужен” ниту пак за оние со големи финансиски средства. Ние сакаме луѓе кои ќе бидат активни, кои ќе направат нешто повеќе во возот од само вклопување во сценариото.  И ние мислиме дека тоа е она што нашата палтформа за “поддршка од масите” ќе овозможи: фер шанса за секој да добие билет и одличен микс на ентузијастични патници.

Што точно претставува “поддршка од масите”?

Поддршка од масите е како донација, но со една клучна разлика: вие ќе добиете нешто за возврат! Во овој случај тоа нешто е шанса да добиете билет. Ние формираме виртуелен воз, каде што вие ќе бидеме во можност да изберете индивидуален дел за да го спонзорирате, од постелнина до електрични приклучоци и канти за отпадоци. Преку спонзорирање на дел од возот, вие ја добивате шансата да се качите во Unity Express возот! Минималниот придонес за шанса е помеѓу €20-30, но секој придонес од €1 па нагоре се наградува со нешто. Овие различни нивоа ќе бидат повеќе јасни кога развојот на виртуелниот воз ќе биде комплетен.

Три начини за да добиете билет

Постојат три начини за да добиете билет:

  1. Преку учество во лотарија
    Вие ќе можете да учествувате во еден вид на лотарија, во која сите “поддржувачи на масите” ќе имаат шанса да се качат во возот, базирана на некоја особина која ја поседувате, на пример вашата култура (Фризијска, на пример); специјална способност (на пример, командант за заштита)  или возраст (63 и се уште млад во срцето). Овој процес ќе биде што е можно по објективен.
  2. Предлог или учество во проект
    Кога нашата веб страна ќе биде спремна за прифаќање на проекти, вие ќе можете да искористите проект за да ги зголемите шансите за добивка. Колку повеќе поддршка (гласови) ќе добиете, толку се поголеми шансите за да се качите во возот. Со други зборови, само најдобрите проекти ќе бидат избрани.
  3. Со купување на билет
    Мај број на билети ќе бидат пуштени во продажба по специјална цена. Ова важи само за оние кои ќе бидат брзи, кои имаат пари и сакаат да се качат во возот. Цените за овие билети можете да ги погледнете подолу.

Билети за продажба

Постојат два типа на билети за продажба: за целиот настан и неделни билети.

 

Билет за целиот настан

Неделен билет

Кревет за спиење 1

За 28 дена

За 7 дена

Сите оброци: доручек, ручек & вечера 2

Пристап до сите активности во возот и во градовите 3

Цена

€ 1.992

€ 549

 

1 Дел од ноќевањата ќе бидат во возот, а дел во градовите во соработка со CouchSurfing
2 Сите оброци се служат во возот за време на важноста на билетот (+ основни пијалоци како вода, чај, кафе итн.)
3 Доколку има доволно простор, се разбира.

Можете да купите неделни билети за било која седмица, зависно од вашите желби. На пр. можете да купите билет за една, две и/или три седмици од патувањето и/или за целиот настан.

 

Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 3.0 Unported License.
Special thanks to Caro Grafisch Ontwerp, Wouter Buning, Seema and Trinoco Web & Media for helping setting up this website! Without them it couldn't have been this good!